Општина Дојран – партнер 3

You are currently viewing Општина Дојран – партнер 3

Општина Дојран се наоѓа во југо-источниот дел на Република Северна Македонија на западниот брег на Дојранското Езеро. Општината опфаќа 11 населени места што се наоѓаат на територија од 132км2. Според пописот од 2002 година, вкупниот број на население бил 3.426. Општинското седиште се наоѓа во Стар Дојран. Меѓународните заедници како УНЕСКО, ЕУ и други донатори помагаат на Општината интензивно да напредува како важна туристичка атракција на Балканот.

Еколошката криза трајно го оштетува традиционалниот начин на мрестење риби во мандра (место за мрестење). Општина Дојран создаде техничка документација, план и стратегија за враќање на уникатното, реткоста на создавање природни услови на мрестење риби од страна на познавачите на традицијата.

Дојран има искуство со реализација на ЕУ проект со реализација на туристички информативен центар и создаден музеј од Првата светска војна. Буџетот на Општината е околу 650.000евра. Со полно работно време се ангажирани 14 лица а како вонреден персонал се 5 вработени лица .

  • Адреса: Кеј 5 Ноември б.б., Стар Дојран
  • Телефон: +389 34 225 278
  • e-mail: dkacakov@yahoo.com
  • website: www.dojran.gov.mk