Студија за Стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро. 

You are currently viewing Студија за Стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро. 
Во периодот Октомври 2019 – Април 2020 беше изработена  Студија за Стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро.  Стратегиското предвидување и планирање на иднината претставува визија за тоа каде може да стигне и каде би бил социо-технолошко-економско-природниот систем на Дојранското езеро после 2 децении од денес.
 
Оваа студија претставува концепциски склоп од најпотребните составни делови, механизми и принципи коишто се наведени како наша област на интерес – Дојранското Езеро, што се протега низ две држави, со цел да го овозможи и олесни процесот на дејствување на засегнатите страни, да служи како инспирација за активности што би предизвикале позитивни ефекти, како и да претставува брошура за управување и дејствување во одговор на прашањата „зошто“, „што“ и „како“.
 
 
Студијата кореспондира со проекните резултати D3.4.1 Стратегиско предвидување/ Ко-партиципација, D3.4.2 Анализа на сценарија, D3.4.3 Долгорочни стратегии.