Македонско научно друштво – Битола – партнер 4

You are currently viewing Македонско научно друштво – Битола – партнер 4

Македонското научно друштво од Битола е основано во 1960 година, со околу 20 редовни членови, со задача да ја обедини научно-истражувачката (фундаментална и применета) активност, не само на членовите од Југозападниот регион на Република Северна Македонија, туку исто така од целата земја и странство.

Денес, Здружението брои околу 300 члена (5 почесни, 253 редовни и 42 дописни) со голем број академици, доктори на науки и магистри. Останатите 46 члена се добро познати и признати научници, уметници, писатели, иноватори или рационализатори. Тие се групирани во осум одделенија и шест центри:

  • Обука и примена во областа на безбедноста и квалитет на храна,
  • Центар за лобирање,
  • Фолклор и етнологија,
  • Енергетика и животна средина,
  • Применета уметност и
  • Центар за новинарство и односи со јавност

Здружението вработува 2 лица и повремено вклучува соработници со скратено работно време, како и 40 волонтери што ги ангажиравме за извршување на одредени апликативни или административни активности.

  • Адреса: Ленинова 39, 7000 Битола
  • Телефон: +389 47 222 683
  • e-mail: mss.bitola@gmail.com
  • website: www.mnd-bitola.mk