КОНСУЛТАНТСКИ ИЗВЕШТАЈ – Активност: Обуки за членовите на ко-менаџмент тимот задолжен за менаџирање со Дојранскиот регион

You are currently viewing КОНСУЛТАНТСКИ ИЗВЕШТАЈ – Активност: Обуки за членовите на ко-менаџмент тимот задолжен за менаџирање со Дојранскиот регион

КОНСУЛТАНТСКИ ИЗВЕШТАЈ (преземете .zip документ од целосен извештај…)

  • Проект: Plan D.oiran, Lot 2
  • Активност: Обуки за членовите на ко-менаџмент тимот задолжен за менаџирање со Дојранскиот регион

Изработија:

  • Проф. д-р Цветко Смилевски
  • Ненад Дафинчевски

ДЕТРА ЦЕНТАР, 2020 година

 

СОДРЖИНА

ПРИЛОЗИ

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

1. ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

1.1 Основни информации
1.2 Цели

2. Преглед на обучувачките модули

2.1 Вовед во обучувачката програма и концептот на одржлив развој
2.2 Менаџмент и менаџерски вештини
2.3 Стратегиско планирање и имплементација
2.4 Проектен менаџмент и проектна имплементација
2.5 Тимови и тимска работа
2.6 Организациско комуницирање
2.7 Маркетинг истражување за одржлив развој
2.8 Подготовка и имплементација на ефективни состаноци
2.9 Стратегиска промоција и односи со јавност
2.10 Локален развој
2.11 „Зелен“ локален развој 
2.12 Алтернативен туризам

3. Заклучоци и препораки

ПРИЛОЗИ

  • Прилог 1- инструмент за самопроценка на предзнаења
  • Прилог 2- резултати од самопроценка на предзнања
  • Прилог 3- обучувачки материјали
  • Прилог 4- евалвации на обучувачката програма

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

Проектот Plan D.oiran е меѓународен проект помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Проектот е финансиран од ИПА програмата и истиот го спроведуваат 4 партнери:
1. Општина Дојран, Северна Македонија
2. Македонско научно друштво (МНД)- Битола, Северна Македонија
3. Општина Кукуш, Грција
4. Регион Централна Македонија, Грција
Детра центар како обучувачко-консултантска компанија беше ангажирана за спроведување на активности од страна на МНД и тоа:
1. Консултации со засегнати групи (стејкхолдери) во однос на приоритети и акциски планови за развој на регионот на Дојранското езеро и
2. Обуки за менаџмент тимот што ќе биде задолжен за менаџирање со екосистемот на Дојранското езеро
Овој извештај се однесува на втората активност, обуки на потенцијалните членови на ко-менаџмент тимот кој ќе биде задолжен за развој и ко-менаџирање со регионот на Дојранското езеро. Важно е да се нагласи дека обуките беа реализирани во услови на пандемија од корона вирус, но притоа беа запазени сите безбедносни протоколи кои беа пропишани од страна на Владата на Република Северна Македонија за реализација на обуки. На обуките присуствуваа 9 учесници, од кои 7 беа членови на општинската администација, 1 член беше преставник од јавна установа и 1 член беше претставник на приватниот бизнис сектор.
Во овој извештај се прикажани поединчените модули кои беа обработени со соодветните содржини, како и материјалите кои им беа дадени на располагање на учесниците. Обуките ги реализираа искусни обучувачи кои имаат долгододишно искуство во испорака на обуки, секој во соодветната област.
Во изработка на извештајот беа вклучени проф. д-р Цветко Смилевски (тим лидер) и Ненад Дафинчевски (проектен координатор).
Овој извештај е сопственост на Детра центар и ги искажува исклучиво мислењата и ставовите на авторите.

1. ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

1.1 Основни информации

Дојранското езеро е мало, погранично езеро лоцирано меѓу Северна Македонија и Грција. Езерото е прогласено за споменик на природата од македонска страна имајќи во предвид дека е живалиште на птици преселници и има голема биодиверзитетска вредност имајќи ги во предвид различните ендемски видови кои живеат во и покрај езерото. Некогаш значаен локалитет на Балканскиот полуостров познат по лековитите својства на водата, риболовот, како и ресурсите за наводнување на земјоделските површини и околните населби. Дојранското езеро доживува два екстремни шокови кои резултираат со поплава (1955-1956) и суша (1989). Овие два шокови беа пресудни за малото, еутропско езеро и резултираа со долгорочни последици по екосистемот пред се економски пад како последица на пропаѓањето на локалната рибарска индустрија.
Дојранското езеро е живнато по последните години што се рефлектира во зголемена туристичка побарувачка, мало земјоделско производство, мали рибарници и плантажи за растенија кои нудат можности за регионален развој. Сепак, одржливоста на овој развој е во прашање бидејќи не постои план и менаџирање на активностите како би се оебзбедил стратешки долгорочен и стабилен социо-економски развој на регионот.

1.2 Цели

Ангажманот на Детра центар има две конкретни цели и тоа:
1. Консултанции со засегнати групи (стејкхолдери) во однос на приоритети и акциски планови за развој на регионот на Дојранското езеро и
2. Обуки за менаџмент тимот што ќе биде задолжен за менаџирање со екосистемот на Дојранското езеро
Овој извешај се однесува исклучиво на втората точка.
Осум од модулите беа конкретно предвидени уште со самата тендерска понуда на Детра центар, а последните 4 модули беа испланирани и подготвени врз база на сознанијата кои ги добивме од интервјуата со стејкхолдерите, како и приоритетите во акциските планови. Затоа, четирите модули со кои ја комплетиравме обучувачката програма се:

  • Подготовка и имплементација на ефективни состаноци
  • Локален развој
  • „Зелен“ локален развој
  • Алтернативен туризам

Пред изработка на обучувачките модули до учесниците беше испратен инструмент за самопроценка на знаења (Прилог 2) чија цел беше да го детектира нивото на предзнаење на учесниците за секој од модулите, така што обучувачите ќе можат да го прилагодат нивото на обуката согласно предзнаењата на учесниците. Резултатите од самопроценката беа презентирани на првиот подул, а истите може да се погледнат во Прилог 3.
За секој од обучувачките модули, обучувачите подготвија соодветен текст за читање (прирачник), како и Power Point презентација. Дополнително, но необврзувачки, дел од обучувачите изработија и дополнителни хендаути и мерни инструменти.
Она што е дополнителен инпут од Детра, а сметавме дека ќе биде од голема корист за учесниците, е изработка на онлајн платформа за пристап до обучувачките материјали. За таа цел ја креиравме платформата www.training.plandoiran.eu каде се прикачени сите обучувачки материјали (Прилог 4), а учесниците ќе имаат пристап една година до истите преку посебен општински акаунт кој е во сопственост на општина Дојран.
На крај на обучувачката програма (по завршување на 12-тиот модул) учесниците пополнија писмена евалвација (Прилог 5) во однос на целокупната програма, а од страна на Детра центар им беа врачени сертификати за присуство и активно учество во програмата.

2. Преглед на обучувачките модули

2.1 Вовед во обучувачката програма и концептот на одржлив развој

Воведниот модул имаше за цел да ги воведе учесниците во комплетната обучувачка програма за тие да ја согледаат „големата слика“ на програмата, како и да им биде презентиран коцептот на одржлив развој, како суштинска филозофија на размислување при осмислување на идните активности за развој на дојранскиот регион.
Во содржинскиот опфат беа обработени следниве теми:

  • Методологија на обука (работни компетенции, искуствено учење, ДРА модел на обука)
  • Екосистем и одржлив развој
  • Дијагноза на индивидуални и групни потреби за обука- презентирање на сумарните резултати

Обуката се реализираше на 04.06.2020 година.
Обучувач: Цветко Смилевски.

2.2 Менаџмент и менаџерски вештини

Вториот обучувачки модул беше модулот Менаџмент и менаџерски вештини. Овој модул имаше за цел да им ги прикаже основните функции на менаџментот и менаџерската работа на присутните. Дел или сите учесници ќе бидат дел од ко-менаџмент телото за менаџирање, па затоа неопходно е да имаат познавање од основните менаџерски функции за да можат успешно да менаџираат.
Во содржинскиот опфат беа обработени следниве теми:

  • Менаџментот како алатка за решавање на проблеми
  • Менаџерски функции
  • Менаџерски вештини

Обуката се реализираше на 05.06.2020 година.
Обучувач: Иван Ѓорѓиевски.

2.3 Стратегиско планирање и имплементација

Стратегиското планирање е од суштинска важност за долгорочен успех на секоја организација. Затоа го предвидовме и овој модул во програмата бидејќи неопходно за учесниците е да ги стекнат компетенциите за разбирање на стратегиското планирање и посебните компетенции за имплементација на стратегијата како би можеле успешно да управуваат со регионот на Дојранското езеро на долг рок. Покрај планирањето, се обрна внимание и на имплементацијата како клучен фактор за успешна реализација на секоја стратегија.
Содржината на овој модул ги опфати следниве теми:

  • Стратегија, стратегиско планирање и стратегиски менаџмент
  • Стратегиско размислување
  • Акциско планирање
  • Мониторинг и евалуација на стратегијата

Обуката за стратегиско планирање и имплементација се одржа на: 09.06.2020 година.
Обучувач: Горазд Смилевски.

2.4 Проектен менаџмент и проектна имплементација

Познавањето и применувањето на проектен менаџмент е една од најважните вештини на денешницата, особено во делокругот на работа на општините, бидејќи проектите сами по себе претставуаат извор на приходи за општината од една страна, а од друга страна преку реализација на проектите општината влијае на развојот и благосостојбата во самата општина. Познато е дека голем дел од инфраструкурните потфати се проекти сами по себе.
Од широкиот спектар на теми кои ги опфаќа проектниот менаџмент, на овој модул беа обработени следниве теми:

  • Проектен менаџмент и проектни циклуси
  • Однос помеѓу стратегискиот и проектниот менаџмент
  • Развој на проект: цели, активности, индикатори
  • Имплементација и евалвација на проектни активности

Обуката за проектен менаџмент и имплементација се одржа на 10.06.2020.
Обучувач: Методија Стојановски.

2.5 Тимови и тимска работа

Тимската работа е основа за успех во секоја организација без разлика дали се работи за општина, граѓанска организација, приватна компанија и сл. Учесниците како идни членови на телото на ко-менаџмент на регионот ќе треба да функционираат како тим и со тоа да придонесат кон успешни резултати и остварување на долгорочните цели за развојна регионот.
Тимовите и тимската работа се широко поле кое опфаќа многу аспекти, а на овој модул беа обработени следниве теми:

  • Групна динамика
  • Капи (Capi) концепт
  • Лични менаџерски стилови според Адижес
  • Ситуационо водство

Обуката се одржа на 11.06.2020 година.
Обучувач: Ненад Дафинчевски.

2.6 Организациско комуницирање

Комуникацијата е „крвотокот“ на секоја организација. Без успешна комуникација нема успешна организција. Овој модул имаше за цел да ги унапреди вештините за комуницирање и справување со конфликти кај учесниците, како и да ги запознае со различните типови на комуникација кои постојат во една организција.
Организациското комуницирање е научна дисциплина сама по себе, а за потребите на овој обучувачки модул беа обработени следниве теми:

  • Ефективно организациско комуницирање
  • Комуникациски вештини
  • Конфликти и справување со конфликти

Обуката за организациско комуницирање се одржа на 16.06.2020 година.
Обучувач: Гордана Тасевска.

2.7 Маркетинг истражување за одржлив развој

Маркетиншката функција е во основата на секоја организација без разлика дали се работи за профитна или непрофитна организација. Целта на овој модул е да ги оспособи учесниците за самостојно да прават различни видови на маркетиншки истражувања кои ќе бидат во функција на одржлив развој на регионот.
Содржинскиот опфат ги содржеше следниве теми:

  • Маркетинг истражувањето како дел од целосниот маркетиншки процес
  • Методологии и техники за маркетиншко истражување
  • Интерпретирање на резултати од маркетинг истражувањето

Обуката се одржа на 17.06.2020 година.
Обучувач: Маја Кочоска.

2.8 Подготовка и имплементација на ефективни состаноци

Неорганизираните и неплански водените состаноци знаат да бидат сериозно губење на време, а работата на ко-менаџмент телото за развој на регионот ќе биде баш преку состаноци. Водењето на продуктивни и ефективни состаноци е уметност само по себе. Преку овој модул на учесниците им беа презентирани техники и тактики за подготовка и имплементација на ефективни состаноци кои ќе го дадат резултатот за кои биле свикани.
Содржинскиот опфат на овој модул беше следен:

  • Подготовка, стартување, спроведување и затварање на состанокот
  • Техники и алатки за ефективни состаноци
  • ИТ алатки и виртуелни состаноци

Оваа обука беше реализирана на 18.06.2020 година.
Обучувач: Гордана Тасевска.

2.9 Стратегиска промоција и односи со јавност

Стратегиската промоција и односите со јавност се моќни алатки за информирање на пошироката јавност за активностите кои ги презема општината, а кои се однесуваат токму на различните групи на стејкхолдери. Преку односите со јавност исто така се придонесува кон транспарентост и подигање на имиџот на општината. Оваа обука имаше за цел да ги оспособи учесниците со основните концепти и вештини за стратегиска промоција и односи со јавност.
Содржинскиот опфат се состоеше од следниве теми:

  • Промоција и односи со јавност како дел од интегриран комуникациски план
  • Тактики за позитивен имиџ и репутација
  • Создавање и одржување позитивни односи со стејкхолдерите

Обуката беше реализирана на 19.06.2020 година.
Обучувач: Маја Кочоска.

2.10 Локален развој

Локалниот разој е моќен концепт во чија филозофија е целокупен развој на еден регион. Овој обучувачки модул имаше за цел да им ги прикаже на учесниците основните концепти на локалниот развој како и можните стратегии и алатки кои можат да придонесат за развој и благосостојба во дојранскиот регион.
Обучувачкиот модул ги опфати следниве теми:

  • Концепт на локален развој во нацонални рамки (регулатива, насоки, барања)
  • Концепт на локален развој во Европската рамка
  • Димензии и фактори на локалниот развој

Обуката за локален развој беше реализирана на 23.06.2020.
Обучувач: Цветко Смилевски.

2.11 „Зелен“ локален развој

„Зелениот“ развој често се поврзува и со одржлив развој. Тоа подразбира дека регионот рамномерно се развива, користејќи ги сите расположливи можности, но без притоа да се наруши екосистемот во поширока смисла. Овој обучувачки модул имаше за цел да ги запознае учесниците со концептите на „зелен“ локален развој и како истите можат да бидат применети за развој на дојранскиот регион.
Содржинскиот опфат на модулот се состоеше од следниве теми:

  • Што е „зелен“ развој и негово влијание врз екосистемите
  • „Зелени“ работни места
  • Локалните стратегии и заштитата на екосистемите преку „зелени“ работни места
  • Нормативни аспекти на прекугранична соработка и заштита на екосистемите

Обучувачкиот модул за „зелен“ локален развој се реализираше на 24.06.2020 година.
Обучувач: Маја Кочоска.

2.12 Алтернативен туризам

Алтернативниот туризам подразбира воведување на други форми на туризам, нешто што е поразлично од главната форма на туризам за конкретната туристичка дестинација. Оваа обука имаше за цел да им ги прикаже концептите за алтернативен туризам и туристична дестинација на учесниците, како и да им ги обезбеди неопходните вештини за планирање на алтернативни форми на туризам во општината.
На крајот на овој последен модул од обучувачката програма беа доделени и сертификатите на учесниците.
Содржинскиот опфат на модулот се состоеше од следните теми:

  • Поим за алтернативен туризам
  • Видови и форми на алтернативен туризам
  • Менаџмент на туристичка дестинација

Обучувачкиот модул се реализираше на 25.06.2020 година.
Обучувач: Љупчо Јаневски.

3. Заклучоци и препораки

Обучувачката програма беше посебно дизајнирана за да одговори на потребата на идното ко-менаџмент тело што ќе се формира и чија цел ќе биде да менаџира со развојот на дојранскиот регион од двете страни на езерото. За таа, цел беа внимателно избрани и посебно дизајнирани модулите така што идните членови на ко-менаџмент телото ќе бидат подготвени со неопходните вештини и компетенции за успешно да менаџираат со развојот на регионот.
Во однос на пристутноста и активноста, можеме да кажеме дека учесниците беа максимално посветени кон совладување на обучувачките модули. На секој обучувачки модул се развиваше интерактивна дискусија, каде многу од работите беа дискутирани во однос на нивната практичност и применливост.
Наше согледување е дека во однос на активноста, интересот и посветеноста, од сите присутни најмногу се истакнаа:
1. Митра Јанчева
2. Ана Тончева
3. Дарко Качаков
4. Катерина Тунева
Како што е споменато погоре, сите обучувачки материјали ќе им бидат достапни на учесниците во рок од една година преку платформата www.training.plandoiran.eu a исто така обучувачите на Детра ценар кои ги реализираа модулите ќе бидат достапни за консултации во наредните шест месеци.

(преземете .zip документ од целосен извештај…)